Низ Центар само пеш


Центарот на Скопје  е блокиран поради големата журка организиарана по повод спојувањето на Т-Мобиле и Т-Хом во Телеком. Улиците околу Порта Македонија каде што ќе се одржува манифестацијата  на 19 и 20  септември (сабота и недела) се затворени за сообраќај.rekord

Затворени за сообраќај се улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ на потегот од крстосницата помеѓу ул. „11 Октомври“ и бул. „Кочо Рацин“ па се до крстосницата од ул. „Димитрија Чупоски“ и ул. „Даме Груев“, како и од излезот од Градски трговски центар и влезот кон Порта Македонија.

Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција се преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Затворањето на улиците, предизвика големи реакции на граѓаните кои негодуваат што поради манифестацијата, мораат да кружат низ градот пред да стигнат на одреденатса цел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1