Без оглед на тоа дали некој верува во НЛО или не, постојат луѓе кои тврдат дека имаат многу необични средби со вонземјани. Нивните искуства секогаш привлекувале внимание, а богами од некои од нив, може и да се дигне косата на глава.
Таквите приказни меѓу останатото се и оние на:
Слично на случајот во Розвел Кексбург, Пенсилванија 1965 година. Мистериозен објект се срушил со големина на Фолксваген Буба. Тој имал знак сличен на египетски хиероглифи. Брзо дошол на местото на настанот каде пристигнала американската војска и го однела објектот, а за целиот инцидент не скале ништо да изјават.
Случајот Рoзвелт
Во јули 1947 година, неидентификуван летечки објект се урнал во градот Рoзвелт, град во американската држава Њу Мексико. Траговите на металните делови кои биле расфрлани по полето, ги пронашол фармерот Вилијам Меј Бразел и Де Проктор. Наскоро се појавиле гласини за рушење на леталата на вонземјаните и пронаоѓањето на нивните лешеви. Почетокот на 1990 години во јавноста се појави филм кој наводно е поврзан со инцидент во Розвелт. Филмот прикажува обдукција на хуманоидно суштество, кое лежи на операционен стол. Автентичноста на филмот никогаш не е потврден.
Инцидентот Кеш Ландрум
Бети Кеш и Коби Ландрум се возеле на 29 декември во 1980 година накај куќата во Дејтон во Тексас. За време на возењето над едно дрво покрај патот се појавило голема светлина поради која морала да го запрат возилото. Излегле и забележале дека светлината има форма на дијамант. Одеднаш осетиле топлина и тогаш мистериозниот објект исчезнал, а жената добила изгореници и вртоглавица.
НЛО во Коларес
Бразилскиот остров Коралес стана познат по појавата на НЛО, настан кој се случил во 1977 година. Сведоците вклучувајќи ја и Кеш Ландрум, претрпеле повреди кои вклучуваат изгореници и убодни рани, а се предизвикани од интезивна радијација. Во тоа време, докторот Валеаиде Карвалахо, лечел 35 пациенти кои дијагностицирале преголема изложеност на радијација. Жртвите имале вртоглавица, главоболки, низок притисок, анемија и трајно губење на косата на места каде кожата била запалена.
Инцидентот во Варгинха
Се има случено во Бразил 1996 година. Мислењата во врска со инцидентот се уште се поделени, некои сметаат дека медиумите создале паника, но од друга страна, сведоци сме на некои домашни снимки. Во небото биле забележани неидентификувани објекти и набрзо потоа, чудни суштества почнале да талкаат по улиците. Едно од суштествата убило војник и истото било однесено во вреќа. Суштеството било високо 1,6 метри, со голема глава и многу тенко тело, кафена кожа и црвени очи. Сведоците велат дека барале повредени или болни. Трупот на другото чудно суштество било пронајдено два дена подоцна. Војникот кој учествувал во фаќањето на суштеството, починал една недела подоцна, од непозната бактериска инфекција.