НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МЕДИЦИНА ЗА ДВАЈЦА НАУЧНИЦИ КОИ ОТКРИЈА НОВ ТРЕТМАН ПРОТИВ РАК НА КОЖА


Нобеловата награда за медицина за 2018 година им е доделена на Џејмс П. Алисон од САД и Тасуку Хонџо од Јапонија за нивното откритие за терапија за рак преку инхибиција на негативната имуна регулација.

„Ова откритие е навистина уникатно. Многу имуни терапии се откриени низ децениите, беа успешни на глувци но ретко функционираа кај луѓето затоа пто не ја разбиравме софистицираноста на сопирачките, па ова навистина е одлино откритие кое покажа дека има сопирачки кои го оневозможуваат имуниот систем да реагира против канцеорзните клетки“, вели Јонас Берг, професор по онкологија од Инситутот Каролинска во Шведска.

Како објаснување на откритието тој вели: секој човек има имунитет кој треба да ги препознае бактериите или вирусите итн. Но, имунитетот не ги препознава канзерозните клетки како страни тела затоа што има кочници во него кои го оневозможуваат и го парализираат. Ова откритие на Хонџо и Алисон покажа дека со откочување на сопирачките, , имунитетот може да ги препознае канцерозните клетки како страни и да ги уништи.“

Тасуку Хонџо, роден 1942 година во Кјото, Јапонија, е истражувач кој од 1979-тите работи во САД. Тој е член и на Универзитеотт во Токио и Осака, а од 1984 година е професор во Универзитетот Кјото.

Џејмс Алисон е роден 1948 година во тексас, а докторирал во 1973 година. Работел на неколку престижни институти, како Универзитетот во тексас, Универзитетот во Калифорнија Баркли, Меморијал Слоан-Кетеринс Центарот за рак во Њујорк.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1