Шекеринска: Во блиска иднина оваа шанса нема да ја има


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес конференција во Владата повика на заедништво, а поединечните и партиските интереси да се стават на страна. Таа очекува пратениците во Парламентот да ја прифатат пораката од референдумот, бидејќи ова прашање, како што кажа, е поголемо од секој од нас и од интересите на сите политички партии

Некои во текот на кампањата велеа дека можеме да почекаме и да се надеваме на друг договор. Овие изјави не се точни – во блиска иднина Македонија нема да ја има оваа шансa. Секое одлагање ќе нè фрли во неизвеснот и немир, порача вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на првата прес-конференција по референдумот што се одржа вчера. Таа истакна дека до овој момент никој не излегол со алтернатива за членството на Македонија во ЕУ и НАТО затоа што, како што рече, нема друга алтернатива.

„Нашата порака е дека ова е време кога сите мора да заиграме на страната на нашата Македонија“, рече Шекеринска и додаде дека очекува сите политичари да се повикаат на јасната порака на граѓаните и да се обединат за да ја однесат Македонија во НАТО и ЕУ.

Шекеринска рече дека според првичните резултати на референдумот гласале повеќе од 660 000 граѓани, а 91 процент од нив избрале да гласаат „За“ европска Македонија. „Дури и во случај на поголема излезнот дури и бројката да одговараше на најголемите излезности забележани во РМ, овој резултат од над 600 000 граѓани кои гласале ќе значеше јасна одлука на граѓаните и јасна определба за европска Македонија“, рече таа.

Според неа, определбата за европска Македонија добила повеќе гласови од кој било победник на кои било избори во Република Македонија до денес.

„Одлучија гласовите на тие кои гласаа и тоа беше пораката што ја испраќавме во кампањата. Граѓаните што гласаа презедоа одговорност да одлучуваат за својата земја. Со мнозински изразената волја, за пратениците нема друга вистинска опција освен да го следат гласот на народот со цел земјата да ги забрза процесите кон ЕУ и НАТО. Гласот на граѓаните е јасен повик политичките партии да се приклучат на процесот и да работат за оваа заедничка цел“, рече Шекеринска.

Таа истакна дека пратениците имаат јасен избор. „Од една страна Македонија во ЕУ и НАТО, а од другата изолација и неизвеснот. Очекуваме пратениците да ја прифатат пораката и да ја направат Македонија земја со подобри шанси за живот. Во спротивно единствена друга демократска алатка е предвремени избори и тоа веднаш“, истакна министерката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1