Нобеловецот за економија вели – Никој сериозен сега нема да сака да влезе во ЕУ


Oва не е добар момент за влез во Европската унија, уверен е добитникот на Нобеловата награда за економија Едмунд Фелпс.

nobelovec ekonomija„И натаму учиме од европскиот експеримент и не знаеме во која мерка ќе биде успешен. И натаму не трена да ја исклучуваме можнсота дека експериментот може да се покаже како нефункцинален и неуспешен“, изјави Фелпс за Блумберг.

„Не можам да верувам дека во овом момент некој сериозно би сакал да се придружи на ЕУ. Тоа е како да велите: Ова е прекрасна куќа. Нема врска што во моментов е запалена, треба да ја купиме“, вели Фелпс.

Добитникот на Нобеловата награда за економија е уверен дека треба сериозно да се разгледува можноста од пропаѓање на еврото, што би можело да доведе до дестабилизација, па дури и до распад на Европската унија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1