Нобеловиот комитет ,,фино,, го замоли Обама да ја врати наградата


Првиот човек на Нобеловиот Комитет, Тјоборн Јагланд ги нападна четворицата членови кои гласаа за наградата за мир да му биде доделена на американскиот претседател Барак Обама, истакнувајќи дека тие никогаш не би побарале враќање на наградата, дури и по одвратните воени криминални дејствија како Кисинџер. Но, дека 10% од повлекување на американските војници од Авганистан, кои Обама го обелодени минатата недела, е еден вид на вакум период, за типично спротивно однесување од она за добивање на награда за мир, како што беше она во 2011 година.

nibel obamaГвантанамо е сеуште отворено прашање. Има бомбардирања во Либија. Претпочитаа Бин Ладен да го средат, отколку да му судат. Сега неколку американски војници си заминуваат дома, но САД го окупираше Авганистан, окупација која ќе трае до 2014 година па и понатака. За Јемен подобро и да не се говори.
И покрај тоа Обама се здоби со посакуваната награда во 2009 година која му ја додели комитетот, откако тој направи серија говори во првите месеци од неговото претседателствување, кога го убеди Комитетот , дека тој бил за создавање на нова клима на мултилатерална дипломатија, кога стави акцент за улогата на Обединетите нации да ги користат дијалогот и преговорите како инструменти за решавање на меѓународните конфликти, како и неговата визија за свет без нуклеарно оружје.

Јагланд обелодени дека членовите на комисијата биле пијани во периодот кога гласале за ваквата одлука. Тие постојано ги преслушувале говорите на Обама и наздравувале за славната иднина, во која црнец ќе ја води Америка и светот во нова ера на мир, надеж и добра воља.

Јагланд истакна дека комитетот нема да се жали за да се врати наградата назад, затоа што на комитетот им се допаѓал господин Обама и дополни дека враќањето на наградата во пакет со авион преку пошта, ќе го спаси самиот Обама од срамот од јавното враќање на истата. Јагланд додаде дека работите можат да тргнат по лош пат доколку комитетот не ја согледа реалноста до периодот кога ќе треба повторно да ја дадат некому истата награда.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1