Нобеловката Малала стана богаташка


Пакистанката Малала Јусафзаи, активистка што се залага за право на образование и преживеа напад на талибанци, стана богаташка за помалку од четири години поради големата продажба на книгата за нејзиниот живот како и со говори ширум светот, пренесува МИА.g_malala

Јусафзаи (18) е најмлада личност што добила Нобелова награда.

За своите говори таа наплаќа по 152.000 долари. За споредба, јужноафриканскиот борец против апартхејдот Дезмонд Туту за говор бара 85.000 долари, наведува американски институт.

Нејзините мемоари „Јас сум Малала“ објавени во 2013 година, се продадени во 287.000 примероци во Британија, со што заработи 2,2 милиона фунти, а во светот оклу 1,8 милиони примероци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1