Ноќеска околу 00,30 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ бр.63 непознати лица пукале во автомобил Сеат Алтеа, во кое биле лицата Н. А. (1974) од ул.„Методија Андонов Ченто“, кој од здобиените повреди починал на лице место, а на повредите утринава им подлегна и 49-годишниот А.П. кој беше пренесен во болница веднаш после настанот.
19-годишниот Ф.Е. и натаму е во болница и неговата состојба е критична.
МВР работи на расчистување на случајот.