Нормализиран е сообраќајот на Попова Шапка, на граничниот премин Ќафасан и на Стража.
Како што информираат од ЈП Македонијапат, забраната за сообраќај на овие три релации е укината од 12:00 часот.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашаст снег, по интервенција на дежурните служби.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.