Норвешка ќе ги носи бегалците на напуштениот архипелаг во северниот Атлантик


Норвешките политичари проблемот со бегалците од Блискиот исток ќе го решат на тој начин што ќе ги сместат на острови каде има повеќе поларни мечки од луѓе.

norveska.jpg-500

Тие се досетиле дека може да ги населат на Свалбард, напуштениот архипелаг во северниот Атлантик. И тука не би имало никаков проблем, освен тоа што на тие острови има повеќе поларни мечки од луѓе.

Сепак, норвешките политичари се упорни и сто отсто се уверени во исправноста на сопствените идеи. За таа цел веќе е контактиран и гувернерот на Свалбард, кој треба да ја легализира таа идеја, со оглед на тоа што Свалбард не е дел од Шенген зоната и не може лесно да ги прими бегалците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1