Норвешка пресилна за Македонија


Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на 25-то Светско првенство со поразот од Норвешка 24:34 (12:14). Реновираниот тим на Лино Червар, на Мундијалот во Франција, ја исполни целта со пласманот во осминафиналето и само потврди дека овој тим има иднина.makedonija rakomet navivaci

Македонија во првиот осминафинален меч на СП, против фаворизираната Норвешка, одигра одлично првото полувреме, но во вториот дел тимот остана без енергија, кога најмногу се почувствува неиграњето на повредените Манасов и Миркуловски.

„Мораме да бидеме реални тие се малку подобри од нас. Ние бевме хендикепирани без Миркуловски и Манасков. Првото полувреме го одигравме добро, но во второто полувреме немавме сила. Мислам дека можеме горди да се вратиме во Македонија. Имавме добри моменти во Франција и можеме задоволни да си одиме дома“, изјави по натпреварот македонскиот селектор Лино Червар.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1