Норвежани ќе го градат трамвајот во Скопје


Норвежани сакаат да го градат трамвајот во Скопје. Нивната понуда е единствената којашто стигнала до Градот до вчера кога истече рокот од тендерот.

tramvajСтанува збор за норвешки конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација. Понудата ќе биде евалуирана од страна на Комисијата, објаснуваат од Град Скопје за Вечер. Засега не се откриваат детали за доставената понуда. Колку пари понудила оваа компанија и каков е проектот.

Ако се прифати понудата тие ќе треба да  ја изградат линијата број 1 во должина од 12 километри, заедно со придружната инфраструктура и да набави најмалку 22 трамвајски возила за одржување на јавниот превоз. Таа за возврат ќе може да стопанисува со системот во период од 35 години. Во согласност со изработената физибилити студија, трамвајската линија број еден ќе ги поврзува населбите Ново Лисиче и Ѓорче Петров, минувајќи по булеварот “Јане Сандански”, централното градско подрачје и булеварот “Партизански одреди”.

Оваа инвестицијата се проценува дека ќе изнесува 243 милиони евра. Во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти ќе учествува и Владата.Се уште не е одлучено со колкав процент во финансирањето ќе учествува приватниот партнер.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1