Во Грција правеле нелегални ин витро оплодувања – уапсена банда лекари


Грчката полиција соопшти денеска дека разбила криминална мрежа од аптекари и лекари, специјализирани во областа на ин витро оплодувањето. Тие се обвинети за шверц на јајце клетки и лекови.

acupuncture-hypnosis-infertility-3– Единаесет осомничени, вклучувајќи двајца директори на клиники и двајца сопственици на фармацевтски фирми, беа уапсени, изјави на прес-конференција началникот на полицијата во Атина Теодорос Флоратос.

Криминалната мрежа е обвинета дека илегално од Турција внесувала лекови за ин витро оплодување, кои потоа се продавале на различни медицински центри во земјата, без одобрение на санитарните власти и без да платат данок.

Еден дел од тие лекарства биле користени на клиника во Солун и биле применувани на донаторки, чии јајце клетки потоа биле купувани за 1.000 евра. Бесплатното донирање јајце клетки е одобрено во Грција.

По две лица од криминалната мрежа се уште се трага.

Мрежата, која дејствувала најрано од октомври 2012 година, вршела исто така илегален извоз во Бугарија на лекови со контролирани цени, купувани незаконски во Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1