Норвежани си прават сопствено сонце (Видео)


Првите луѓе на индустрискиот град Рјукан во Норвешка поради недостаток на директната сончева светлина во текот на зимата мораа да најдат некое решение како улиците во градот да бидат осветлени од сонцето.

sonce 11Напикан длабоко во долината на карпестата област Телемарк, Рјукан во текот на зимските месеци меѓу септември и март нема директна сончева светлина. Буквално, нема ниту еден сончев зрак. Со години жителите желни за сонце заминуваат со жичарницата која е изградена за таа цел на врвот на планината за да можат малку да уживаат во сонцето.

Меѓутоа сега тие превземаа сериозни чекори како во долгите зимски месеци малку да се стоплат. Имено во последните неколку недели со помош на хеликоптери се работи на поставување на три големи огледала на околните врвови на некои 450 метри над градот. Гигантските огледала или хелиостати се направени така да го следат движењето на сонцето и да ја рефлектираат светлоста директно на плоштадот во Рјукан.

Идеата за огледалата не е нова. Прв пат пред околу сто години предлогот го дал некој работник кој живеел во близина на електраната.

Денар

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1