Норвежаните кажаа НЕ за членство во ЕУ


Само 19 проценти од Норвежаните го поддржуваат зачленувањето на нивната земја во ЕУ, јави дописникот на МИА.

eu-and-norwayПротивниците на Унијата имаат предност во сите делови на Норвешка, меѓу сите возрасти и образовни нивоа на избирачите, покажуваат резултатите на најновото испитување на јавното мислење, кое институтот „Сентио“ го направи за норвешкиот весник „Натионен и класекампен“.

Попозитивни се избирачите кои гласаат за норвешката конзервативна партија Хоире. Од нив само 60,8 проценти се изјасниле против ЕУ.

– Членството во ЕУ во каков било случај нема да биде актуелно во текот на наредниот мандатен период на норвешкиот парламент, вели Торбјорн Рое Исаксен од конзервативната Хоире.

За разлика од избирачите, повеќе од половина од кандидатите за пратенци во парламентот во Осло се приврзаници на зачленувањето во ЕУ, според испитувањето што го спроведе организацијата „Не за ЕУ“.

Парламентарни избори во Норвешка ќе се одржат во септември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1