Носете кеш ако одите во Грција, банкоматите се празни


Граѓаните кои ова лето ќе одат на море во Грција, треба во паричникот да имаат доволно готовина во евра за целиот период на летување.

Грците знаат да „ве казнат“ за плаќање со картичка, бидејќи така ги терате да платат данок. Поради страв од можен банкрот на државата, грчките штедачи за само два дена повлекоа две милијарди долари од локалните банки, поради што на туристите може да им се случи да останат со празни раце при обидот да подигнат пари од банкоматите.bankarpljacka-bankomat-beocin-1328585176-98758

Доколку сепак се одлучите да се потпрете на картичките, ве чека голема провизија.

-При подигнување на пари од банкомат во странство обично се плаќа околу две до три евра минимално, или три отсто провизија на подигнатата сума максимално, па затоа е подобро да се подигне поголема сума одеднаш, отколку повеќепати помала сума. Иако плаќањето со картичка во продавниците во странство е скапо, бидејќи се пресметува горниот курс на еврото, сепак е поевтино отколку подигнување пари од банкомат, пренесува порталот Блиц.

Затоа најдобро е туристите да проценат колку пари би им биле потребни за периодот на летувањето, за да понесат доволно евра, имајќи во предвид дека и менувачниците во странство нудат неповолен курс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1