Нов циклон ја зафати Македонија: Се очекуваат нови врнежи


Нашата територија се наоѓа под влијание на циклонот Златка кој условува доста нестабилно време со почести врнежи од дожд. Интензивни врнежи проследени со ретки грмежи се регистрирани на југозапад и на запад од државата, па така локално количеството на врнежи веќе надмина над 30 л/м2, соопштува метеорологот Славчо Поповски.

Понатаму ќе има краткотраен престанок на врнежите, но сепак во западните предели денеска попладне и навечер ќе има повремен дожд од локален карактер. Нов бран на врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и со услови за појава на ретки грмежи ќе имаме во текот на ноќта кон недела кога повторно локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).

Во недела во текот на денот врнежите ќе бидат со послаб интензитет и од локален карактер. Повторно ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, кој особено на исток повремено ќе биде ЗАСИЛЕН.

Температурите на воздухот и натаму ќе бидат ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен. Понатаму и најновите излези на прогностичките модели укажуваат на тоа дека периодот пред нас ќе биде период со почеста појава на врнежи и влажни бранови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1