Нов Џек Мевосек: Мистериозен убиец со мачета убива пензионери туристи


Еден шетач во неделата навечер на плажата на островот Тобаго, ја пронашол мртва германската пензионерка, 71-годишната Бриџит К. Веднаш се јавил во полиција, која на 120 метри местото го пронашла и трупот на нејзиниот сопруг, 74-годишниот Хубертус.

“Беше нивни ритуал секоја вечер да шетаат по плажата”, вели соседот Азад Мохамед и додава дека сега сите во населбата живеат во страв. Се плашат од убиецот кој шета слободно од 2008. година.Forensic workers carry one of the bodies of an elderly German couple, after they were found murdered on a beach near their home in the island of Tobago

Од 2008. година на Тобаго, шест пензионери биле нападнати од мистериозен маж со мачета. Четворица од нив убил, двајца едвај преживеале. Полицијата дури сега ја сфаќа ситуацијата малку посериозно. Најавиле потрага и понудиле награда од 13.000 евра за информации за убиецот.

Само минатата седмица биле убиени уште тројца туристи, но тие не биле нападнати со мачета. 88-годишна пензионерка била силувана и убиена, додека другите двајца пензионери биле избодени и задавени.

На Бриџит К. и нејзиниот сопруг им бил пресечен вратот. Жената не била силувана. Мотивот за убиствата не е познат, а можноста за грабеж е исклучена бидејќи полицијата кај парот ги пронашла мобилните телефони и клучевите. Се претпоставува дека можеби виделе нешто што не смееле.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1