Нов документ откри уште една тајна за Титаник!


И покрај тоа што Титаник потона пред повеќе од 100 години, се уште излегуваат детали околу трагичната несреќа во која животот го загубија повеќе од 1522 патници. Пронајдени се бележници на инспектори кои биле одговорни за безбедноста на бродот, кои што го прегледувале пет часа пред да исплови кон Америка.

 
Инспекторот Морис Кларк, напишал дека не би можел јавно да го обелодени ваквиот податок, поради тоа што би можел да остане без работа. Имено сопствениците на Титаник создавале притисок на неговите шефови, за да бродот добие пролазна оценка и покрај тоа што целосно не ги задоволува безбедносните услови.
Под категоријата на чамците за спасување во овој документ, Кларк напишал дека поради огромните трошоци, градежната компанија не можела да си дозволи да бидат повеќе од 40.

„Предлагам 50% повеќе чамци од тоа што во моментов има“, напишал Кларк, што значи дека Титаник требало да има 80 чамци, кој во случај на опасност би можел да пренесе 1767 патници.
„Единствениот начин сите патници да се пренесат оддеднаш, а да не се враќаат по три пати е да го прифатеа мојот предлог. Да ја обајвев оваа информација за недостатоток на чамците, сигурен ум дека ќе кренев паника“, напишал тој.
Кларк пишува дека Титаник имал само 6 спасувачи од екипажот, во просек еден бил одговорен за 370 луѓе. Како што покажала историјата, неговата загриженост била оправдана, бидејќи во трагичната несреќа, во која бродот удри во санта мраз, загинаа 1522 луѓе, додека само 706 беа спасени.
Кларк ја премочел целата истрага.


Кога во текот на сослушувањето го прашале дали Титаник е целосно и безбедносно подготвен и исправен за испловување, тој свесно излажал дека е подготвен.
Вистината ќе излезе на виделина откако најконторверзните долкументи за Титаник кои излегоа после 100 години, ќе бидат продадени на аукција.

„Ова е јасен доказ дека компанијата White Star Line влијаела на државниот службеник во донесувањето на неговата одлука“ изјавил сопственикот на документот Ендрју Олдрич.
Ова се факти кои досега не ги знаевме. А тоа било доволно за да им се пресуди на поголемиот дел на патниците кои биле на Титаник. Катастрофата се случи пет дена по испловувањето.
Овој документ би можел да биде силен, цврст и клучен доказ во случајот на големиот број на тужби против компанијата White Star Line.
Ендрју документот го набавил од адвокат пред 50 година и сега неговиот син ќе го понуди на продажба на аукција на 24 ноември во студениот англиски град Вилтшир. Почетната цена ќе биде 48,000 долари.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1