Во брак се 87 години – советуваат како љубовта да трае


Новиот гиносов рекорд за најдолг брак би можел да им припадне на сопружниците Карам (107) и Картари (100), кои зад себе имаат 87 години брачен живот и голема љубов зад себе. Оставија 8 деца и 28 внуци. Грижата еден за друг била тајната на нивниот брак.

„Мојот трик е да правам Картари да се смее. Сакам да кажувам шеги и да ја развеселувам. Да сум забавен е мојот начин да сум романтичен. Ми имаат кажано дека смеењето го продолжува животот… мојата сопруга е сè уште жива, па тоа мора да е вистина! Ја сакам многу и сакам да поминам уште 80 години покрај неа“ – изјавил Карам за сајтот Zoosk.

„Кога бев млада, секоја вечер му правев свеж оброк. Ние сме вегетаријанци, па купував многу свежи зеленчуци и се трудев тој да се храни здраво. Здравјето е многу важно, а јас сакав да се грижам за него за да остариме заедно. Некои ќе кажат дека ми успеа!“ – изјавила Картари.

„Ох, како можев да заборавам, секогаш зачувував малку чапати (тип леб) за него. Мал гест кој тој го ценеше многу, а мене ме одржуваше послаба“ – дополнила таа.

„Во минатото луѓето слушаа. Сега мислам дека луѓето не издвојуваат време за да се ислушаат еден со друг како што треба. Луѓето денес се презафатени со работа, ТВ и со други нешта кои се случуваат околу нив. Мојот совет до мажите и жените е да ги слушаат своите партнери, да покажуваат интерес за она што тие го зборуваат и да им помагаат да ги надминат грижите или проблемите низ кои тие поминуваат“ – рекол Карам.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1