Претворил авион во градинка


Еден воспитувач од грузијскиот град Рустави, се сетил на необичен начин да ги забавува децата, а притоа и да ги научи на нешто – претворил стар авион во градинка.

Гари Шапидсе од грузијското воздухопловство купил стар, но исправен Јаковлев Јак-42 и го опремил со нагледни средства и играчки. Пилотската кабина ја оставил недопрена за инструментите да послужат како средство за игра.

„Мојата идеја беше да создадам градинка во која децата радо би доаѓале.“ – изјави Шипадсе.

„На децата им е тешко да се навикнат на градинката. Се одлучивме да им помогнеме со тоа што ќе го направиме сето тоа забавно.“ – објаснува.

Во кабината на малиот авион од советско време, има околу 1.500 копчиња со кои децата можат да си играат колку им душа сака, да се преправаат дека се вистински пилоти кои го управуваат леталото – изјави воспутувачот наведувајќи дека децата доаѓаат во авионот-градинка со задоволство и плачат кога родителите доаѓаат да ги земат.

„Тие се навистина среќни овде“ – истакнува Шипадсе.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1