Две белгиски полицајки се ранети во саботата во напад на пред главната полициска станица во градот Шарлероа, соопшти полицијата на белгиската покраина Валонија, пренесуваат медиумите.
„Двајца полициски службеници се ранети со мачета пред полициската управа од човек кој извикуваше ‘Алах Акбар’ (Господ е голем –з.р.). Тој е застрелан, но е жив“, објави полицијата на Шарлероа на својот акаунт на Twitter.
Според интернет изданието на весникот Soir, една од жртвите во нападот е полицајка којашто е хоспитализирана со длабоки рани на лицетот. Нејзината колешка полесно настрадала.
Напаѓачот, кого го застрелал трет полицаец, е во сериозна состојба и исто така е хоспитализиран.