НОВ НАПАД ВО БЕЛГИЈА: Белгиски полицајки ранети во напад со мачета – Џихадисти викале „Алах акбар“


Две белгиски полицајки се ранети во саботата во напад на пред главната полициска станица во градот Шарлероа, соопшти полицијата на белгиската покраина Валонија, пренесуваат медиумите.belgija-terorizam

„Двајца полициски службеници се ранети со мачета пред полициската управа од човек кој извикуваше ‘Алах Акбар’ (Господ е голем –з.р.). Тој е застрелан, но е жив“, објави полицијата на Шарлероа на својот акаунт на Twitter.

Според интернет изданието на весникот Soir, една од жртвите во нападот е полицајка којашто е хоспитализирана со длабоки рани на лицетот. Нејзината колешка полесно настрадала.

Напаѓачот, кого го застрелал трет полицаец, е во сериозна состојба и исто така е хоспитализиран.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1