Нов пресврт на времето – температури до 17 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет степени, а максималната од 10 до 17 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интеревалот од два до 14 степени Целзиусови.

Утре и во петок времето ќе биде претежно сончево. Утре наутро температурата на повеќе места ќе се спушти околу нула. Од сабота попладне до недела ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер, кој во сабота ќе биде од јужен, а во недела од западен правец.

Во наредниот период дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1