Ајде хонорарци да одиме во МТСП и да си ги побараме одговорите што ни ги должат!
Цел јануари многумина од нас не добија хонорар, АЈДЕ ДА ПРАШАМЕ! Под ова мото денска во 11.00 се организра протест за новиот закон за хонорарите. Во поканата на ФБ групата Ајде хонорарци да одиме пред МТСП да си ги побараме одговорите кој ни ги должат се вели:
На некои им прекина авторскиот договор АЈДЕ ДА ПРАШАМЕ!
Не не прашуваа кога решаваа во лето да сменат 5 закони, ајде сега НИЕ да ги ПРАШАМЕ!
Петок, 6 февруари 11.00часот. Министерство за труд и социјална политика.
Имате формулари.
Имаме ПРАВО на одговори!
ДЕТАЛИ ЗА НАСТАНОТ
Секој хонорарец поднесува барање за информација од јавен карактер до министерството по што им се придружува на останатите кои стојат пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа.
Урнекот на барањето за информации од јавен карактер можете да го преземете од коментарите. Прашања можете сами да поставите или можете да преземете некое прашање од листата што исто така ја имате како коментар.