Заев не барал само техничка влада – барал да се ослободат и познати криминалци?


Не само техничка влада, Заев барал од премиерот Груевски да ослободи од затвор негови лични пријатели осудени за криминал, дознава Сител од извори во истрагата. Не барал ослободување на новинарот Кежаровски или екс сопартиецот Бучковски. Заев барал слобода за личните пријатели Роби Телекабел осуден за насилство и првоосомничениот во акцијата Лепак, шефот на царината на граничниот премин Ново Село обвинет за криминал тежок неколку милиони кој инаку беше претседател на младината на ВМРО ДПМНЕ во Струмица.g_zaev slika za web

Лидерот на СДСМ бил ултимативен – или исполнување на сите барања, или материјалите од странски разузнавачки служби ќе бидат објавени.

Извори на Сител од истрагата потврдуваат дека Заев за целата операција бил во постојана координација со екс директорот на УБК Зоран Верушевски и дека се документирани сите нивни средби . Повеќето се одвивале во просториите на приватна фирма во Струмица за која се шпекулира дека е во сопственост на кланот Заеви. Дел од состаноците биле држени во еден од најпознатите струмички хотелски објекти. Но дел се одвивале и во приватни станови во скопската населба Аеродром.

При сите овие средби двајцата се однесувале како шпиони од американски филм. Лидерот на опозицијата, според извори од истрагата пред средбите во главниот град се маскирал од глава до пети, на главата ставал капа а дел од  ликот го прекривал со шал.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1