СВЕДОШТВО: Ако експлодираше цистерната, ќе го снемаше цело Богданци!


Тројца жители на селото Ѓавато Васе Дуев (42), Златко Дуев (60) и Благој Делков (40) загинаа во хаваријата што се случи во погонот за полнење плински боци, а силната експлозија на жителите им изгледала како атомска бомба.

,, силен звук и тресок, три експлозии и пламен висок неколку метри. Страшно беше, дотрчав веднаш ваму. Многу силно тресна, јас живеам во близина на 500 метри – велат очевидци.Screenshot_34

– Се стресоа прозорците по силната експлозија. Па уште неколку помали експлозии веројатно од боците. Се се тресеше а потоа небото се зацрне од димот. Најголем страв ни беше дека фабриката е многу близу до куќите не зневме колку боци има дали може пожарот толку да се приближи па да ни ги зафати куќите. Страшно, вели жител на Богданци чија куќа е меѓу првите во близина на фабриката

– Малку недостигаше, па цело Богданци да летне во воздух ако изгореше и големата цистерна со гас паркирана пред фабриката – велат богданчани по трагичната несреќа.

Видео – Нова ТВ

Велат дека од силната експлозија се поместила цистерната, но не била оштетена.

„Доколку експлодирала најголемата боца, која тежи околу 20 тона, тогаш ќе се случеше бомба која ќе го уништеше целиот град“, објаснува Љупчо.

Еден од починатите, Златко Дуев, е брат на сопственикот на фабриката.

Според првичните сознанија, пожарот избувнал изутрината во 8.50 часот од искра во одделот за полнење плински боци, а силната експлозија го вознемирила населението во Богданци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1