Нов пуч во Турција? 7.000 специјалци ја опколиле воената база Инџирлик (ВИДЕО)


Околу 7.000 турски специјалци во оклопни возила ја опколиле воздухопловната база Инџирлик, која ја користат силите на НАТО и САД, јавија утринава локалните медиуми.istanbul turcija policija

Турскиот министар за преговори со Европската Унија Омер Челик објасни дека се работи за „безбедносна проверка“, но се појавија и шпекулации за нов обид за пуч, по оној неуспешниот на 15. јули.

Турскиот весник Хуриет претходно објави дека полицијата во градот Адана, во чија близина се наоѓа Инџирлик, добила дојава за нов обид за пуч, по што таму веднаш се испратени специјални сили.

Влезот во базата е блокиран, а на фотографиите кои ги снимиле граѓаните се гледаат специјалци со автоматски пушки и водени топови, кои обично се користат за време на протести.

Челик на Твитер се обиде да ја смири јавноста, пишувајќи: „Направивме генерална безбедносна проверка. Се е во ред“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1