Нов случај на голема кашлица- Педијатрите апелираат да се вакцинираат децата


Минатиот месец кај 16 годишен тинејџер од Скопје медицински е потврдена голема или магарешка кашлица. Бил хоспитализиран во ГОБ 8-ми септември, а според епидемиолошкиот статус е вакциниран против оваа опасна заразна болест. Во септември и октомври биле евидентирани и 11 случаи на заразни заушки. Дел од нив биле имунизирани а дел не ја примиле задолжителната вакцина.kaslanje

Враќањето на болестите кои се искоренети со децении и се погласните антивакцинални кампањи ги загрижува педијатрите. Велат се повеќе ќе опаѓа колективниот имунитет а со тоа ќе заболуваат и оние кои редовно примале вакцини.

-Загрижуваат овие податоци бидејќи сме сведоци дека се враќаат болести што ги немало. А кога доаѓа до опаѓање на колективниот имунитет тоа не е добро. Не треба толку отпор кај родителите, вели Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести

Софијанова вели дека јавноста не е ни свесна што може да се случи ако продолжи овој негативен тренд. Особено што заушките и голема кашлица можат да предизвикаат сериозни компликации со дојготрајни последици.

-Стерилитет кај машките од заушки, пневмонија, менингитис а понекогаш и фатален крај од голема кашлица. А тоа се сериозни компликации, вели Софијанова

Пред седум години во Македонија имаше епидемија на заушки со над 4000 заболени. Најголем број беа родени 92/93 кога имало недостиг од вакцини.

Sitel.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1