Нов случај на заболен од листерија – заболен 48 год маж


Нов случај на листерија во Македонија. Од опасната бактерија  инфициран е 48 годишен тетовец. Пациентот е хоспитализиран на Инфективната клиника. Неговата здравствена состојба е стабилна.

bakteria-virus-labaratorija11– ја добивме оваа потврда од Микробиолошката лабораторија дека и кај овој пациент станува збор за листерија, рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Ова е 8-ми регистриран случај на заболен од листериоза. За еден месец од смртоносната бактерија починаа 4 лица. Надлежните сеуште го бараат изворот на листерија. Негативни се од сите десетина досега обработени мостри од сувомеснати производи земени при вонредните контроли на инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Ова се првичните резултати обработени во лабораторијата на Ветеринарниот факултет. Бактеријата не е изолирана ниту во мострите кои досега се  анализирани во Институтот за јавно здравје. Токму поради оваа ситуација кога има смртни случаи, а не може да се лоцира изворот на бактеријата министерот за здравство Никола Тодоров вчера поднесе кривична пријава против непознат сторител за пуштање во промет штетни прехранбени продукти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1