Нов светски скандал – лажеле колку ви трошат правосмукалките


Овојпат на удар се токму правосмукалките, при што компанијата Dyson отпочна легална процедура против своите ривали, Bosch и Siemens. Од Dyson тврдат дека Siemens и Bosch не би требало на одредени правосмукалки да ги ставаат АААА ознаките, бидејќи нивните мотори трошат многу повеќе енергија во реални услови.pravosmukalka

Всушност, Dyson тврди дека правосмукалките на Bosch и Siemens се произведени така што за време на тестирањето се поефикасни отколку што е тоа во реалната состојба, пишува британски Independent. Конкретно се наведуваат моделите Siemens Q8.0 и Bosch GL80/In’Genius ProPerform.

Ова значи дека тие наводно се продаваат како да се од енергетска класа AAAA, но во реалната употреба тие се од далеку пониска енергетска класа, Е или Ф.

Овие апарати во себе содржат вграден сензор кој што им укажува да употребуваат повеќе енергија кога се полни со прашина, при што тоа би значело дека за време на
лабораториските тестирања тие би користеле многу помалку енергија, бидејќи се тестираат без вшмукување на прашина. Dyson тврди дека при тестирањето тие користеле чисти вреќички, додека во реалноста, со нечисти вреќички, сензорот му говори на моторот да ја зголеми моќноста од 750W на 1600W, што е еквивалентно на енергетската класа Е или Ф.

Џејмс Дајсон, основачот на компанијата Dyson, овој скандал го поврзува токму со скандалот кој што го потресе Volkswagen.

– Слично како и начинот на кој што се тестираат дизел моторите вградени во автомобилите, Европската регулатива посочува дека правосмукалките се тестираат во лабораторија, без да се реплицираат реалните услови на нивната употреба, што по автоматизам води и до неточни резултати, вели Дајсон.

Според него, правосмукалките би требало да се тестираат во реални услови, а не во лабораториски, а освен тоа, во однос на енергетската ефикасност би требало да се земат предвид и потрошните материјали како што се вреќичките и филтрите, кои што пак од друга страна ја загадуваат околината.

Според пишувањата на Independent, Bosch и Siemens засега ги отфрлаат сите наведувања во овој контекст. Тие велат дека сите нивни апарати се направени во согласност со Европските енергетски регулативи, при што перформансите на апаратите кои што ги продаваат, се потполно идентични и во домашни, и во лабораториски услови, а секоја спротивна сугестија на ова е всушност огромна грешка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1