Нов температурен шок оваа недела


Нов температурен шок од идната недела. Метеоролозите најавуваат врнежи од дожд и пад на температурите кои периодов го достигнаа и 16 тиот степен.oblaci sonce vreme mk

Понеделник, за разлика од недела ќе биде доста посончев, но ипотопол. Повеќе ќе личи на ден од рана пролет, отколку на прв февруарски ден. Наутро ќе има услови за формирање на релативно слаба магла во северниот дел на повардарието, пишува Метеопро.

Минималната температура ќе биде релативно висока, а ретко каде ќе има вредности под 0°С, но во секој случај во глобала ќе биде под 5°С. Во Скопје наутро ќе има услови за слаба локална магла. Остатокот од денот ќе биде претежно сончев. Наутро се очекуваат минимални 2°С, а преку ден максимални 14°С.

Температурата во текот на денот ќе има максимална вредност од 12°С до 15 низ котлините во северниот и западниот регион. На југоисток очекваме максимална околу 19°С.

До среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините. Во вторник и среда, по одделни котлини има услови за појава на магла во утринските часови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1