Груевски: Треба, мора и ќе имаме фер и демократски избори


Треба, мора и ќе успееме да имаме фер, слободни и демократски избори, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе успееме на 24 април да имаме фер и демократски избори?gruevski 44

– Тоа е желба на сите граѓани на Македонија, тоа е желба на ВМРО-ДПМНЕ, на коалиционите партнери од коалицијата „За подобра Македонија“, на другите политички партии и на мнозинството, најголемото мнозинство граѓани во Ребулика Македонија – фер, демократски и слободни избори после коишто ќе се стави крај на оваа политичка криза која што не влече назад и во делот на економијата, и во делот на нашите евроатлантски и европски аспирации и во многу други делови. Значи, потребно е да се стави крај на нешто што штети на целиот народ, рече Груевски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1