СДСМ: Ќе има слободни, фер и демократски избори, но не на 24 април


Никола Груевски призна дека треба и мора да има фер и демократски избори, ама во паника од соочување со одговорноста за криминалното владеење во изминатите години, Груевски уште еднаш потврди дека се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори, велат од СДСМ, реагирајќи на изјавата на Груевски во вчерашното интервју за Сител.sdsm-328x320

„Да не се плашеше од фер избори Груевски немаше да ја кочи имплементацијата на клучните сегменти од Договорот од Прижино и ќе прифатеше прочистување на избирачкиот список и регулација на медиумите. Вака само го потврдува она што секој граѓанин на Македонија го знае, дека Никола Груевски не сака слободни, фер и демократски избори затоа што знае дека ќе ги изгуби. За Македонија да тргне напред потребни се слободни, фер, кристално чисти демократски избори. Да. Во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, но не на 24-ти април“, се наведува во соопштението..

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1