Вработен на патарина повреден од комбе – возачот не сакал да плати го згазил бегајќи


Вработен на наплатната рампа Глумово бил повреден откако возач на комбе сакал насилно да помине.

Полицијата информира дека  околу 12 часот настанала расправија околу наплатата меѓу вработениот Г.С. (1966) и непознато лице кое го управувало комбето.patarina mk 5

Притоа, сопатникот од возилото насилно ја отворил рампата по што вработениот излегол од кабината за да ја затвори рампата. Во моментот кога ја затворал рампата, бил удрен од комбето во пределот на десниот колк по што возилото заминало.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1