СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА КОСОВО: Џихадисти уапсени пред манастирот во Дечани!


Косовската полиција соопшти дека во близина на манастирот Дечани уапсила четири лица, за недозволено носење на оружје.

Полицискиот портпарол Баки Келани, ја потврдил веста но не дал детали.policija KoSovo

– Синоќа при една полициска акција уапсени се четири лица за недозволено носење на оружје. Тие се уапсени на само неколку метри од манастирот Дечани, изјавил кусо Келани, за приштинскиот весник „Експрес“.

Игуменот на манастирот, Сава Јањиќ, на Твитер напиша дека уапсените се Албанци и ги нарекува „вооружени исламисти“.Според него тие биле упасени пред портите на манастирот каде дошле со автомобил „голф“ во кој имале авотматска пушка и исламска литература.

– Пред главната манастирска порта уапсени се четворица вооружени исамисти. Овие четворица Албанци, кои се од различни делови на Косово, Гњилане, Урошевац, Призрен и Ѓаковица, беа уапсени синоќа околу 21 часот. Тие беа во автомобил „голф“ бела боја, со регистарски таблички од Урошевац, напиша Јањиќ.

Тој уште наведува дека по акцијата на полицијата и на КФОР уапсените биле индентификувани, а автомобилот детално проверен.

– Тука беа пронајдени три кутии со муниција и Калашњиков, како и книги со исламска содржина. Засега нема информации од полициската истрага ,но КФОР го обезбедува манастриот и неговата околина, пишува Јањиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1