Меркел: И Сиријците ќе се вратат дома како Балканците


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека барателите на азил од Сирија и Ирак ќе се вратат во сопствените домови кога во нивните земји ќе завршат конфликтите.Angela-Merkel-izbeglice-migranti-620x350

Според нејзините зборови, 70 отсто од балканците кои во деведесетите години на минатиот век побегнале во Германија, подоцна се вратиле во сопствената татковина.

„Треба да им кажеме на луѓето дека оваа ситуација е привремена. Треба да се очекува дека кога повторно ќе завладее мир во Сирија и кога Исламската држава ќе биде поразена во Ирак, тие лица да се вратат во своите домови со знаењето кое го стекнале“, изјави Меркел.

Меркел исто така истакна дека со заострувањето за законите за бегалци, нивниот број е значително намален како и дека еропско решение за оваа бегалска криза е неопходно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1