Ризик од болести: Дезинфекција на возовите кои превезуваат бегалци


Воз кој превезуваЛ бегалци веднаш по пристигнување во Табановце, како крајна дестинација за превоз на бегалците, е подложен на контрола и дезинфекција од екипите на Центарот за јавно здравје. Во многу случаи дезинфекцијата се врши од страна на железничката станица во Куманово, поради заштита и избегнување на ризикот од вируси, пренесува Тв 21.migranti voz 33

Освен возовите, се дезинфицираат и просториите на железничките станици во Гевгелија и Куманово, а целата површина изенесува 2.600м2. Ваквата активност се реализира секој ден. На располагање за транспорт на бегалците има 4 возови, кои во временски период од 24 часа, патуваат на дестинација Гевгелија – Табановце.

Во изминатиот период направена е дезинфекција и во џамии или други локации за кои постои сомнеж дека бегалците или илегалните мигранти престојувале. Во центрите за привремено сместување на бегалците, им се нуди и лекарска помош, главно од активистите на Црвен крст и други хуманитарни организации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1