Непознати лица во тунелот Салаковац кај Мостар од возило во движење фрлиле експлозивна направа врз возилото во кој биле началникот на Здружената команда на Оружените сили на БиХ, генерал-полковникот Анто Јелеч
Според “Дневни аваз”, во тунелот Салаковац во близина на Мостар е пронајдена експлозивна направа која била активирана во предниот дел од возилото на генералот Анте Јелец, началникот на Генералштабот на вооружените сили на БиХ.
Тунелот е затворен, а исто така и поширокото подрачје е блокирано од страна на полицијата. Според полициски извори, ескплозивната направа најверојатно е фрлена од возило во движење. Експлозивната направа била активирана и оставила кратер, но за среќа генералот Јелец и ниту било кој од неговата придружба е повреден. Полициски екипи се на местото на настанот и се истражуваатат сите детали. Паралено тече и потрагата по напаѓачите.
Генералот Јелец го потврди инцидентот, но не можеше да каже повеќе детали.
„Се случи експлозија во тунелот Салаковац. Минав низ чад. Видов експлозија и пријавив во полицијата. Не сум повредени, ниту моето возило е оштетено“, изјавил генералот Јелеч за хрватската агенција Hina. Не сакал да заборува за други поединости од инцидентот.
Според Људевит Мариќ, портпаролот на министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванската жупанија, експлозијата на полицијата ѝ била пријавена по 20,10 часот. Додал дека се собираат докази од местото на инцидентот. Потврдил дека нема повредени меѓу лицата од придружбата на генералот, во експлозијата од направата која била фрлена кога тоа возило го претекнувало возилото на генералот Јелеч.
Мариќ не можел да потврди дали станува збор за нов терористички чин врз припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина.