Нов закон: Децата мора да помагаат во домашните обврски


ggg

Родителите во Шпанија наскоро ќе добијат „ново оружје“ во борбата против непослушните деца. Тамошните министри дошле до заклучок дека децата се премногу размазени и невоспитани, па поради тоа одобриле  нацрт закон кој ќе биде воведен наскоро, а според него, децата до 18 години се обврзани да им помагаат на родителите во домот без оглед на нивната возраст или пол, пишува „The Local“. Покрај тоа децата ќе мора да учествуваат во семејниот живот и да ги почитуваат не само родителите туку и браќата и сестрите. Тие исто така мора да ги почитуваат училишните правила, односно мора да имаат позитивен став кон учењето. Нацрт законот не воведува казни, но означува ново движење и правец во законодавството со потенцирање на одговорноста на децата.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1