Русите масовно купуваат скапи станови во Лондон


1331532523

Богатите Руси и Украинци се повеќе вложуваат во лондонските недвижности, пишува „Фајненшал тајмс“, повикувајќи се на податоци на агенциите за недвижности во Лондон. Адам Чалис, специјализиран аналитичар за стамбени недвижности вели дека приливот на рускиот капитал на пазарот на станови во Лондон за една година е зголемен дури за четири пати. Жителите на Русија во 2013 година вложиле 180 милиони фунти во станови, а многу агенции очекуваат поради проблемите меѓу Русија и Украина, таа бројка значително да порасне.

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1