Хрватската влада достави до Парламентот измени во кривичниот законик на земјата, со кои нападите и заканите врз лекари и наставници во иднина ќе се сметаат за напади врз службени лица.
Министерот за правда Орсат Милениќ изјави дека во законот не е вклучен предлогот на ист начин да бидат третирани и нападите врз адвокати, но дека има тенденции таква заштита да се прифати и за адвокатската професија, што ќе биде јасно за време на дебатите во Парламентот.
Хрватската адвокатска комора постојано поднесува такво барање и повторно го достави по убиството во понеделникот на адвокатот Влатко Видаковиќ во Осиек.
Предложените измени предвидуваат во иднина да нема застареност за дела за случаи на тешки убиства, тероризам и убиства на лица, кои се под меѓународна заштита.