Нов закон – напад на лекар или наставник е исто како и напад на полицаец


Хрватската влада достави до Парламентот измени во кривичниот законик на земјата, со кои нападите и заканите врз лекари и наставници во иднина ќе се сметаат за напади врз службени лица. policija srbija

 

Министерот за правда Орсат Милениќ изјави дека во законот не е вклучен предлогот на ист начин да бидат третирани и нападите врз адвокати, но дека има тенденции таква заштита да се прифати и за адвокатската професија, што ќе биде јасно за време на дебатите во Парламентот.

Хрватската адвокатска комора постојано поднесува такво барање и повторно го достави по убиството во понеделникот на адвокатот Влатко Видаковиќ во Осиек.

Предложените измени предвидуваат во иднина да нема застареност за дела за случаи на тешки убиства, тероризам и убиства на лица, кои се под меѓународна заштита.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1