Нов закон за пушење во Македонија, дали ќе се пуши ќе одлучуваат самите угостители


Владата прави комплетно нов закон за пушење. Пушењето ќе се дозволи секаде, освен во локалите каде се служи храна. Сепак, дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители. Тие ќе имаат право да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.

Владата најавува закон по европски терк.

„Комплетна либерализација и право наа избор пред се на угостителските објекти каде не се служи храна да имаат право да изберат, ако сакаат да биде дозволиво за пушење тие да имаат право со лиценца тоа да биде нивен избор, ако имаат право да бидат за непушачи тоа да биде нивен избор. Апсолутно тоа не се однеува таму каде што се служи храна. Работат стручни луѓе, сакаме меѓународна пракса“, вели Зоран Заев – претседател на Влада

Пред да се донесе новото решение Заев најавува јавни дебати за да се слушне мислењето на пошироката експертска фела. Можно е новиот закон да биде донесен до крајот на годината, зашто зимата е најголем проблем и за пушачите и за угостителите.

Минатата недела Владата не даде мислење за законот за пушење што го предложија група пратениците од СДСМ. За овој закон ќе се расправа после локалните избори. Со него се предвидува пушењето да биде дозволено на терасите и летните бавчи и во зимски услови, кога ќе бидат затворени со најлони. Во ноември собраниската комисија за здравство ќе ја повика експертската јавност да даде мислење дали треба да се тргне забраната за пушење на тераси.

Сега во бавчите на кафулињата и рестораните е дозволено пушење само кога објектот нема кров или е отворен од најмалку три страни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1