Шеикот од Катар заинтересиран за инвестирање во Охрид


Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, остварил средба со шеикот Јасим бин Хамад ал-Тани од Катар, кој е заинтересиран за инвестирање во туризмот во Охрид.

На средбата биле презентирани повеќе локации за изградба на хотели на охридското крајбрежје. По ова, гостинот од Катар посетил неколку од предложените локации и најавил дека набргу ќе даде одговор каква ќе биде неговата одлука за инвестирање, информираат од локалната самоупрва на Охрид.

На средбата присуствувале и преставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1