Нов Зеланд бара работници- просечна плата 2.800 евра


Нов Зеланд бара работници, а за потенцијалните вработени има и куќи. Меѓутоа од градската управа демантираат дека ќе им платат на луѓето да се преселат.

Калтангата е место на југот на Нов Зеланд, со 800 жители и околу 1000 празни работни места претежно во земјоделскиот сектор. Градот очајно бара работници, а има и празни куќи каде тие би можеле да бидат сместени.nov zeland

Брајан Кадогена, градоначалник вели дека се работи за работни места кои се добро платени. Станува збор за работа во пилана, производство на млечни производи, сирење и слично.

Иако во многу медиуми се појавија информации дека ќе се плаќа за да се доселат луѓе по 230.000 долари, сепак од општината велат дека таква сума не се нуди. По ваквите објави добиле повици од луѓе од целиот свет, кои сакаат под тие услови да се доселат.

Сепак градот со раширени раце очекува потенцијални кандидати за работа, а платата е во просек 2.800 евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1