Утринава нов земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтер ја погоди Италија, што се вкупно 22 земјотреси во изминатите 24 часа.
Италијанската агенција за цивилна заштита соопштува дека спасувачите и понатаму трагаат по преживеани под рушевините во планинските села.
Стотина лица се повредени, од кои голем број се во тешка состојба.
Бројот на преживеани и загинати кои се уште се наоѓаат под рушевините не е познат.