Нова европска давачка за Македонците – без енергетски пасош за станот или куќа, не смее да го продавате


Новите, но и старите станови за две-три години не ќе може да се продаваат и да се издаваат, а ниту огласуваат ако немаат сертификат за енергетска ефикасност.

energetski pasosОбврската на сопствениците на недвижности да поседуваат енергетски пасоши за зградите е дел од законодавството на ЕУ, кон кое и Македонија ги приспособува своите регулативи. Сопствениците на недвижности кои не планираат да ги продаваат градбите не мора да поседуваат сертификат за енергетска ефикасност. Но, ако во иднина решат да ги огласат на продажба, задолжително ќе треба да го набават документот. Енергетскиот пасош ќе биде задолжителен и при добивањето одобрение за градба, пишува Дневник.

Во Министерството за економија потврдуваат дека ќе постои обврска за поседување енергетски пасош, но не наведуваат рок од кога таа ќе стане задолжителна. Во правилниците не е наведен рокот до кога треба да се извадат, владини извори за „Дневник“ велат дека во правилниците првично било наведено дека треба да почне од 2016 година. Но, наведениот рок бил избришан откако надлежните сфатиле дека речиси никој не ќе може да го испочитува.

energetski -pasosiИздадените енергетски пасоши ќе важат 10 години, по што сопствениците на недвижности ќе треба да вадат нови.Околу 200.000 сопственици на недвижности во Хрватска на почетокот од годинава ги повлекоа огласите за продажба бидејќи немаа сертификати за енергетска ефикасност. од 1 јули 2013 година во Хрватска не смеат да се продаваат станови над 50 квадратни метри без енергетски сертификат, а од Нова година овие станови не смеат ни да се огласуваат. Тие се исплашија од високите казни што достигнуваат и до 3.500 евра.

Еден енергетски пасош во оваа земја чини од 180 до 330 евра.

Целата сторија на – Дневник

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1