Нова година ќе се чека пред триумфалната капија


Новогодишната прослава оваа година ќе се одржи пред триумфалната капија „Порта Македонија“ затоа што на централниот плоштад „Македонија“  се одвиваат градежни работи кои го прекопуваат теренот за одново да се поплочи и за да се постави нова фонтана. Наместо на просторот помеѓу Камени мост и улица Македонија, оваа година прославата ќе се одржи на улицата помеѓу Портата и Собранието.

Fireworks explode near a bronze sculpture of Alexander the Great on his horse Bucephalus, in Skopje's central square during New Year celebrations January 1, 2012. The statue, which measures 12.5 metres in height and stands on a 10 metre high pedestal, is part of a cultural project "Skopje 2014". REUTERS/Ognen Teofilovski (MACEDONIA - Tags: ANNIVERSARY CITYSPACE SOCIETY)

Ова вчера го изјави градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Градот секоја година го организира овој централен новогодишен настан, но ова е прв пат пречекот да не се одржи на главниот плоштад. Се уште не е познато кои музичари ќе гостуваат и кој ќе ги забавува скопјани, но овие информации и онака не се дознаваат до последен момент.

Градот секоја година одвојува околу 150.000 евра за украсување и декорирање на главните сообраќајници и плоштади и речиси секоја година за тоа е задолжена фирмата „Линк медиа плус“. Оваа година, се уште не е склучен договор со фирма која би ја извршила набавката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1