Нова година во затвор – како си прославија затворениците


Без концерт и ракоплескање како во холивудските филмови, но со свечена вечера, новогодишна елка, запалено светло по 22 часот, оро и песна, вака  најлудата ноќ во годината ќе ја поминат осудениците низ земјава. Покрај решетките, осудениците скромно, но сепак весело ја чекаат Новата година. Во Штип, со душа чекаат празник, а во Идризово вечерта имаат можност да си ги испробаат своите кулинарски вештини. 

zatvor

Управата за извршување на санкции не организираше ништо за новогодишната ноќ за притворениците и осудениците низ земјава. Сепак, директорите смислиле начин како и оние што си поиграле со законот и сега се зад решетки да го одбележат доаѓањето на Новата година.

Кога ќе се поклопат стрелките на часовникот, ситуацијата во сите затвори во земјава е слична. Повеќето имаат украсено новогодишна елка, богата вечера, некаде телевизија, а веселбата се зголемува со музика. Во најголемиот затвор Идризово, во малата кујничка кај одделот за мажи, осудениците имаат можност самите да си ја подготват свечената вечера. По повод празниците на роднините на осудениците им е дозволено да им донесат разновидни и во поголеми количини намирници. Освен вечерата, осудениците самите си ги украсуваат ќелиите, а имаат и табла каде си ги објавуваат своите желби упатени до Дедо Мраз.

Од КПУ Охрид велат дека секоја година во нивна режија и организација ја слават најлудата ноќ.

„Купуваме сокови, грицки, имаме побогата вечера, китиме елка во големиот салон, толку ни се можностите да ја одбележиме скромно. Да сме во можност би направиле и повеќе. Во секоја соба има компјутер и кабловска телевизија, па музика си пушта секој по желба“, вели директорот на КПУ Охрид, Стефан Трпеновски.

Во Битола и Прилеп, ситуацијата е слична. Од КПУ Битола појаснуваат дека вечерата е збогатена со неколку парчиња месо, а скоро секогаш затворениците изразуваат желба за веселба, па се пее и игра до утринските часови.

„Вечерта им е дозволено да слават и по 22 часот, светлото не се гаси, имаме скромна веселба со елка и музика. До сега не сум пропуштил лично да им ја честитам новата година, вели директорот на КПУ Битола, Славко Гацовски.

 bajrusПритворот во Шуто Оризори се уште ја памети случката кога сега веќе осудениот Бајруш Сејдиу во очи на Нова година го запали ќебето од својата ќелија, па сите притвореници беа евакуирани и надвор си ја дочекаа Новата година. Таму секоја година за вечера има подобра храна од вообичаено и светлата не се гасат по 22 часот. Стражарската полиција поминува во ходникот и на секој притвореник му го честита празникот. Музичките желби си ги исполнуваат со помош на транзистори, секој во својата ќелија.

Тутунскиот бос Сејдиу сега веќе не е во Шуто Оризари туку во КПУ Штип. Таму оваа година немаше приредба која си ја подготвуваат самите осудении. Ноќта сите вечераат свечена и богата вечера во големата трпезарија која ќе биде украсена со сијалички и елка. Од КПУ Штип велат дека осудениците со душа чекаат празник, сакаат веселба и музика. Директорот секогаш доаѓа наредниот ден и со најблиските соработници им ја честита Новата година.

Санадер и останатите затвореници во Реметинец со бенд го дочекаа Божиќ. 

sanader

Не многу подалеку од Македонија, во Хрватска, божиќната прослава за сите затвореници во загрепскиот затвор „Реметинец“ почнала уште на 18 декември со божиќен концерт на музичката секција од казнено-поправниот установа, „Нисам крив, а три дена подоцна имало и миса за стотици затвореници во спортската сала од затворот.

За Божиќ поминале одлично, но колективен дочек на Нова Година за „станарите“ на „Реметинец“ каде што моментално се наоѓа и поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, нема да има поради тоа што затворот е преполн. Надминат е  капацитетот на затворот од 582 затвореници, на  повеќе од 900 затвореници.

Во најголемиот затвор во Јужна Азија пак, Тихар каде се сместени преку 12.000 осуденици, а меѓу нив најозлогласените криминалци од Азија, минатата година по повод Нова година осудениците печеле и пакувале колачиња за останатите посиромашни затвори

Меѓу другото, во Тихар осудените убијци, киднаперите и нарко-дилерите преку целата година, неколкуте дворови во затворот од изутрината ги претвораат во училници, каде ги описменуваат сите осуденици кои не се писмени.

Извор – Паула Божиновски – Академик.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1